Марко Зврлевски е ракот кој метастазира, во Советот на обвинители, Судски совет, и другите институции и покренуваше случаи против неистомислениците, а за фамилијата не покрена ниту еден случај, рече пратеникот од мнозинството Павле Богоевки.
“Не покренавте постапки против фамилијата, Правевте кривичен прогон против неистомислениците. Го правдате демек немал право да покренува кривични постапки. Заслугата на Марко Зврлевски е прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Барате нов закон за јавен обвинител. Не, тоа нема да помине. Ќе добиете нов закон дури кога ќе одговарате за криминалите што ги направивте. Барате да ви подадеме рака. За 27 април? На кого рака? На Крсто Мукоски? На Василевски? Срам да ти е Крсто“, изјави Богоевски на собраниската говорница.