БАКРАЧЕСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЗАЕВ ШТО ГО ПОКАНИЛ ВО ВЛАДАТА

    БАКРАЧЕСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЗАЕВ ШТО ГО ПОКАНИЛ ВО ВЛАДАТАПремиерот Зоран Заев и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на вчерашната средба. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев имаше одделни средби со градоначалниците на Охрид и Струга, Никола Бакрачески и Мустафа Забзун, на која што градоначалниците изразија голема благодарност до Заев, кој, на негова иницијатива, ги покани првите луѓе на двете општини за да разговараат и да најдат решенија за проблемите со кои се соочуваат овие два града, во интерес на граѓаните, соопшти Владата.

    Бакрачески го замолил Заев за асистенција на Владата во поглед на решавање на регионалната депонија за отпад.

    „Градоначалникот на Охрид, Бакрачевски, изразувајки ја уште еднаш неговата благодарност за исклучително конструктивната поддршка и разбирање на премиерот Заев, замоли за асистенција на владата и во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад. Ова исто прашање беше од интерес и на општинската делегација од Струга“, се вели во соопштението од Владата.

    Заев му одговорил дека ова прашање е од врвен приоритет како придонес на владата за поддршка во решавањето на проблемите на единиците на локалната самоуправа, во интерес на граѓаните. Тој соопшти дека, како интервентни, ќе бидат преземени краткорочни мерки, кои ќе бидат само прва фаза од трајното решавање на овој проблем, за кој владата интензивно е во потрага по најдобра солуција, не само за Охрид и Струга, туку за сите плански региони.

    Заев на двете средби со в.д. градоначалникот на Струга и со градоначалникот на Охрид, најавил подготвеност на владата да најде решение управувањето на колекторот за прочистување на Охридското Езеро да биде изземено од надлежноста на општините, бидејќи, како кажа премиерот, грижата за ова природно богатство заштитено со УНЕСКО, повеќе не смее да биде препуштено на ризиците од загадување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира