СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ ВО ПОТРАГАТА ПО РЕЖИСЕРОТ МЕТО ПЕТРОВСКИ, БОЛЕН ОД АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

    СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ ВО ПОТРАГАТА ПО РЕЖИСЕРОТ МЕТО ПЕТРОВСКИ, БОЛЕН ОД АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ85-годишниот Мето Петровски вчера напладне се изгубил во трговскиот центар „Летокарија“ во Скопје, облечен е во фармерки и светла кошула со резеда боја, а со себе имал и количка за пазарање

    Семејството на еден од најистакнатите македонски  режисери на документарни филмови, Мето Петровски (85), од вчера напладне трага по својот татко и сопруг болен од Алцхајмерова болест. На социјалните мрежи тие споделија дека од вчера во 12 часот Петровски се изгубил во трговскиот центар „Лептокарија“, во скопски Карпош.

    Мето Петровски е 85-годишник со момчеста конституција. Во времето кога се изгубил носел фармерки и светла кошула со резеда боја, а со себе имал и количка за пазарање.

    Неговата ќерка ни рече дека тој со сопругата вчера напладне биле до аптека во трговскиот центар „Лептокарија“, и дека во дел од секундата тој некаде исчезнал, зашто велат болеста е таква, со дементни епизоди.

    „Тие бараат, и си наоѓаат нешто по улицете“, вели таа и додава дека болеста кај Мето прогресирала последниве 5 години.

    Семејството Петровски живее во комплексот Гранд Престиж. Велат дека се благодарни до секого кој ќе има можност да помогне во наоѓањето на Мето. За секакви информации, семејството е достапно на мобилниот телефон 077/803 374, или во која било полициска станица.

    Мето Петровски е снимател, филмски и телевизиски режисер, во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии. Дебитира со докуменатарецот „Селидби“, а со „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан во 1968.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира