БАГЕРИ ВЛЕГОА МЕЃУ ГАЛИИТЕ ВО ВАРДАР, СЕ ЧИСТИ ШУТОТ И ЃУБРЕТО ОД „СКОПЈЕ 2014“

    БАГЕРИ ВЛЕГОА МЕЃУ ГАЛИИТЕ ВО ВАРДАР, СЕ ЧИСТИ ШУТОТ И ЃУБРЕТО ОД „СКОПЈЕ 2014“Ѓубре собират и „Трите врби“ од 278 илјади евра во Вардар.

    Од утрово во Вардар, покрај галиите на потегот од Камен мост до „Холидеј Ин“ во водата има багери. Од Град Скопје велат дека се чисти коритото на реката. Италијанските фонтани – водопади, кои ги има од двете страни на Камен мост, галиите и врбите во Вардар изминативе години, посебно во летните месеци кога водостојот на реката е на минимално ниво, се претворени во депонии. Околу нив заглавува сето ѓубре што го носи реката кое сега од Градот најавуваат дека ќе го соберат.

    „Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2017 година, по налог на Градот, екипи на ЈП Улици и патишта Скопје спроведувaaт активности за чистење на коритото на реката Вардар. На потегот од Камениот мост до хотелот ‘Холидеј Ин’, екипите рачно ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд“, велат од Градот и нагласуваат дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

    Двете фонтани во Вардар ова лето не прскаат. Тие беа пуштени во употреба 2011 година. Ги направи италијанската фирма „Ла Моне Мореда“, а за нив Општина Центар, според ревизијата, платила 1,1 милион евра. Минатата година Противпожарната бригада на Скопје од Вардар извади мртва крава, која се заглави на една од фонтаните.
    Ѓубре собират и „Трите врби“ од 278 илјади евра во Вардар. Сегашното расчистување на коритото ќе го опфати и делот околу нив каде што се формирани острови од наносите песок.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира