ИВАНОВ ГО ПОКАНИ ЗАЕВ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА НА ПРОСЛАВАТА НА ИЛИНДЕН

    ИВАНОВ ГО ПОКАНИ ЗАЕВ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА НА ПРОСЛАВАТА НА ИЛИНДЕНУтрово биле изненадени во Општина Струмица кога ја добиле поканата од претседателот Ѓорге Иванов имајќи предвид дека Заев уште во декември минатата година, поради добиениот пратенички мандат, се повлече од градоначалничката функција. - Фотографии од писмото и поканата (Фото: Фејсбук)

    Претседателот Ѓорге Иванов го покани Зоран Заев во својство на градоначалник на свеченостите што ќе се организираат по повод Илинден во Скопје, иако речиси два месеци Заев е премиер. Во поканата што стигна по пошта во Општина Струмица, претседателот Иванов, Заев го кани на 2 август во Скопје на церемонијата на положување свежо цвеке пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на Плоштадот Македонија.

    Утрово биле изненадени во Општина Струмица кога ја добиле поканата имајќи предвид дека Заев уште во декември минатата година, поради добиениот пратенички мандат, се повлече од градоначалничката функција.
    „Ве потсетувам дека г-нот Заев од 2016 година не е градоначалник на општина Струмица и дека тој, по добиениот мандат од Ваша страна е премиер на Република Македонија“, одговори в.д. градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на поканата.

    Од кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов нема информација дали поканата испратена до првиот човек на Струмица или до Зоран Заев во својство на градоначалник е техничка грешка. (В.Т.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира