Барселона соопшти дека Нејмар платил 222 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за раскин на договорот, расчистувајќи го патот за бразилскиот фудбалер да потпише за Пари Сен Жермен.
Во денешното соопштение, шпанскиот клуб вели дека „правните застапници на Нејмар лично ги посетија клупските канцеларии и платија 222 милиони евра во име на играчот со цел едностран раскин на договорот меѓу двете страни“.
Со исплатата на клаузулата, соборен е претходниот светски рекорд од 105 милиони евра, колку што плати Манчестер Јунајтед за Пол Погба од Јувентус. Официјалната презентација на Нејмар во францускиот клуб е закажана за утре.