МВР РАСПИША ОГЛАС ЗА 500 ПОЛИЦАЈЦИ

    МВР РАСПИША ОГЛАС ЗА 500 ПОЛИЦАЈЦИIзбраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од една година, по што со МВР ќе склучат договор за вработување. - Од промоцијата на обуката на новите 654 полициски службеници од 8 октомври 2016 година (Фото: МИА)

    Министерството за внатрешни работи ќе вработи 500 полицајци за кои што денеска распиша јавен оглас. Од новите 500 полицајци, 360 ќе бидат распоредени во Скопје, 30 во Охрид, по 20 во Битола, Струмица, Штип, Куманово и во Велес и 10 во Тетово.

    Како што соопшти МВР, избраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од една година, по што со МВР ќе склучат договор за вработување. Кандидатите ќе имаат статус полицаец-приправник и ќе бидат обврзани на работното место да останат најмалку пет години.

    Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Македонија, да се полнолетни, активно да го користат македонскиот јазик, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование и да се здравствено и психофизички способни.

    Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од министерот за внатрешни работи.
    „При спроведување на селекцијата, на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба“, се вели во огласот на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира