Велешанецот С.В. (46) ноќеска во 2 часот по полноќ влегол во куќата на комшиите и со чекан го убил таткото, а повредил уште неколку членови на семејството, соопшти Основното јавно обвинителство од Велес.
Осомничениот прво влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил. Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои што таткото подоцна починал. По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.
По извршување на делото, велат од Обвинителството, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој што известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.