СУДСКИОТ СОВЕТ ОДЗЕДЕ ИМУНИТЕТ НА СУДИИ

    СУДСКИОТ СОВЕТ ОДЗЕДЕ ИМУНИТЕТ НА СУДИИСудскиот совет денеска заседаваше на затворена седница.(архивска фотографија)

    Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за одземање на имунитет на судии, беше соопштено попладнево на Судскиот портал. Неофицијално, станува збор за петтемина судии од Управниот суд од обвинението на Специјалното јавно обвинителство за обемниот предмет „Титаник“.

    Специјалното јавно обвинителство побарало мерки за нив, ама во истрага. Тие не биле прифатени и за СЈО таа работа е завршена. При поднесување на обвиненијата, не биле побарани мерки за судиите.
    Од СЈО велат дека е можно е судијата за оцена на обвинителен акт или судечкиот судија да побарал симнување на имунитет за да се овозможи водење на постапката, бидејќи без тоа би било повреда на постапката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира