ПОЧНАА ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД

    ПОЧНАА ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД

    Вечерва се протестира во Скопје и во Охрид. Граѓаните во Скопје тргнаа од традиционалното зборно место пред СЈО и се движат кон Собранието, а во Охрид се собраа кај Чинарот.

    Вечерва ќе се протестира и во Кочани и ‎Кавадарци, а закажани се протести во Прилеп кај камената бина.

    Скопје, Фото:СДК.МК

    Скопје, Фото:СДК.МК

    Протестот во Скопје го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    За денеска се најавени и три контрапротести на Граѓанското движење за одбрана на Макеоднија (ГДОМ) што ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ и изборите на 5 јуни. Протести ќе има во Кавадарци и Битола во 19 часот и во Охрид во 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира