ПОЖАР ОСТАВИ ПОВЕЌЕ ОХРИДСКИ СЕЛА БЕЗ СТРУЈА

    ПОЖАР ОСТАВИ ПОВЕЌЕ ОХРИДСКИ СЕЛА БЕЗ СТРУЈАВеднаш по дојавата за пожар, интервенирале припадници на противпожарната бригада од Охрид и тој е локализиран.

    Реонот на селото Вапила кај Охрид, сместен во близина на патот Охрид-Битола вчера го зафати силен пожар. Огнот ги зафатил и доводните бандери за струја за селата Сирула, Куратица и Расино, а тоа е главната линија за снабдување со струја на овие населени места.

    Веднаш по дојавата за пожар, интервенирале припадници на противпожарната бригада од Охрид. Пожарот е локализиран, но беше најавено дека ќе се побара да интервенираат и противпожарните авиони „Ер трактор”, бидејќи оган има на непристапни места.

    Пожарот без струја го остави и големото охридско село Куратица кое во последно време станува омилена дестинација за гостите од земјава и од странство. Ова планинско село го развива етно туризмот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира