ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ШТО ГО ИЗНАЈМИЛА АВТОБУСОТ ПОВИКА НА МОЛИТВИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ПАТНИЦИ

    ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ШТО ГО ИЗНАЈМИЛА АВТОБУСОТ ПОВИКА НА МОЛИТВИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ПАТНИЦИМеѓу повредените се и возачот и придружникот на автобусот (Фото: СДК.МК)

    Туристичката агенција од Скопје што го изнајмила автобусот кој синоќа излета од патот кај велешката патарина ноќеска рано утрово повика на молитви за настраданите патници. Во постот на официјалниот профил на фејсбук, туристичката агенција „Савана турс“ информира дека во автобуската несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес – Скопје биле повредени и возачот и придружникот на автобусот.

    Во автобуската несреќа 27 патници кои се враќаа од одмор на Халкидики во Грција се повредени, од кои една госпоѓа почина на Ургентниот центар во Скопје, а на деветгодишно девојче му е ампутирана раката.

    „Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на агенцијата.

    МВР синоќа соопшти дека се работи за автобус на „Бус Травел“ ангажиран од ТА „Савана турс“ управуван од А. Н.  Во автобусот имало 44 патници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира