ЕЛИЗАБЕТА ШЕЛЕВА НА МЕСТОТО НА ДАРКО ЛЕШОСКИ НА СВП

    ЕЛИЗАБЕТА ШЕЛЕВА НА МЕСТОТО НА ДАРКО ЛЕШОСКИ НА СВПЕлизабета Шелева е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. (Фото: Фејсбук)

    Професорката Елизабета Шелева ќе биде претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Министерството за култура ја именуваше Шелева откако минатата недела поетот Дарко Лешоски се повлече од претседателувањето со Управниот одбор на СВП.

    За членови на Управниот одбор како што велат од Министерството за култура именувани се истакнатите уметниици и културни работници Димитрие Дурацоски и Лидија Димковска. Елизабета Шелева е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Претседавач е на Здружението на независните писатели на Македонија и уредничка на книжевното списание „Наше писмо“.

    Уредник е на Антологијата на македонската современа поезија „Песна меѓу две лета“ за Струшките вечери на поезијата, во 2009 година. Член е од Македонија во меѓународното жири за доделување на наградата „Балканика“ во 2007, 2009 и 2012 година. Авторка на предговорот кон Избор поезија од Вали Монгани Сероте, добитник на Златниот венец на СВП за 2012 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира