МВР ДА ГИ ЗГОЛЕМИ КОНТРОЛИТЕ НА ПАТИШТАТА И ДА ГИ КАЗНУВА ДИВИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ, АПЕЛИРА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРЕВОЗНИЦИ

    МВР ДА ГИ ЗГОЛЕМИ КОНТРОЛИТЕ НА ПАТИШТАТА И ДА ГИ КАЗНУВА ДИВИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ, АПЕЛИРА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРЕВОЗНИЦИОд Асоцијацијата на превозници Македонија-Исток апелираат и до граѓаните да не го користат превозот кој физички лица преку социјалните мрежи го нудат на различни релации. - Такси станица во скопската населба Карпош (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи да ги зголеми контролите на патиштата и да ги казнува дивите превозници, бидејќи алармантно е зголемен бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од нив, бараат од Асоцијацијата на превозници на Македонија-Исток. Според податоците на Асоцијацијата, секојдневно се зголемува бројот на дивите таксисти, кои вршат превоз со нерегистрирани возила, кои се управувани од возачи кои не ги почитуваат законските прописи.

    „Превозот што го вршат е нелегален бидејќи истите не смеат да вршат превоз надвор од населеното место. Такси компаниите возат на подолги релации и тоа превозот го вршат во повеќе наврати во текот на денот при што брзајќи да извршат повеќе тури возат со поголема брзина од ограничувањата, возат несигурно и во голем број случаи предизвикуваат сообраќајни несреќи по патиштата. Неблагодарно за споменување, но сепак како пример би го навеле последниот несреќен случај на релација Штип-Радовиш, кај Лакавица, каде со возило фолксваген шаран беше предизвикана сообраќајна несреќа во која имаше две жртви, а двајца беа потешко повредени“, велат од Асоцијацијата за превозници на Македонија-Исток.

    Од таму апелираат и до граѓаните да не го користат превозот кој физички лица преку социјалните мрежи го нудат на различни релации. Сметаат дека на тој начин сами се ставаат во опасност бидејки немаат никакви информации за возачот и за состојбата на возилото со кое патуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира