ВО ГЕРМАНИЈА ЗАПЛЕНЕТИ АПЧИЊА ЕКСТАЗИ СО ЛИКОТ НА ДОНАЛД ТРАМП

    ВО ГЕРМАНИЈА ЗАПЛЕНЕТИ АПЧИЊА ЕКСТАЗИ СО ЛИКОТ НА ДОНАЛД ТРАМПАпчињата требало да се продаваат во Германија под слоганот “Трамп повторно го прави журкањето големо“ (Фото: полицијата на Оснабрик)

    Германската полиција објави дека запленила големо количество апчиња екстази, обликувани според ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.

    Притоа биле уапсени еден 51-годишен Австриец и неговиот малолетен син, кои патувале од Холандија, со цел да ги дистрибуираат апчињата во регионот на германскиот град Оснабрик. Тие биле наменети да се продаваат на Интернет под слоганот „Трамп повторно го прави журкањето големо“.

    Како што објави полицијата, биле запленети 5.000 парчиња екстази со портокалова боја, на кои лесно можеле да се препознаат лицето и фризурата на Доналд Трамп. Тие на пазарот би достигнале вкупна вредност од 40.000 евра.

    Експертите од Велика Британија предупредуваат дека оваа дрога станува се посилна, што резултира со зголемен број хоспитализирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира