ВАРДАР ПРОТИВ ЗЕНИТ, СОСИЕДАД И РОЗЕНБОРГ ВО ЛИГА ЕВРОПА

    ВАРДАР ПРОТИВ ЗЕНИТ, СОСИЕДАД И РОЗЕНБОРГ ВО ЛИГА ЕВРОПАБившиот француски репрезентативец Ерик Абидал последен го извлече Вардар на ждрепката во Монако (Фото: принтскрин/УЕФА)

    Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг ќе бидат противници на фудбалерите на Вардар во дебитантскиот настап во групната фаза од Лига Европа, беше одлучено на ждрепката во Монако, на која што македонскиот првак беше сместен во четвртиот шешир поради малиот коефициент.

    Бившиот француски репрезентативец Ерик Абидал последен го извлече Вардар на ждрепката, со што беше распореден во Л-групата, каде што веќе го чекаа руски Зенит, кој го освои овој пехар во 2008 година, шпански Сосиедад (шестопласиран во Примера минатата сезона) и најтрофејниот норвешки клуб Розенборг.

    Шесте кола од групната фаза ќе се играат во периодот од 14 септември до 7 декември, а во нокаут-фазата (1/16-финале) продолжуваат најдобрите две екипи од секоја група. Во првото коло, Вардар ќе го пречека Зенит, по што една недела подоцна му гостува на Розенборг, кој во плеј-офот го елиминираше вицепрвакот Ајакс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира