ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ВЛОШАТ, 30.000 ЛУЃЕ ПРИНУДЕНИ ВО ЗАСОЛНИШТА

    ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ВЛОШАТ, 30.000 ЛУЃЕ ПРИНУДЕНИ ВО ЗАСОЛНИШТАЕвакуација на 4-годишниот Итан од област во Хјустон погодена од поплавите предизвикани од ураганот Харви. (Фото: АП)

    Катастрофалните поплави во американската држава Тексас се очекува да се влошат во наредните денови додека нивото на водата се покачува по бурата од историски пропорции. Рекордни 75 сантиметри дожд веќе наврнаа во градот Хјустон со ураганот Харви, претворајќи ги патиштата во реки. Но, метеоролозите велат дека таа бројка може да се удвои неделава. Градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер кажа дека во привремените засолништа се примени 5.500 граѓани, а се очекува бројката да се зголеми 30.000.

    Луѓе туркаат пикап заглавен во поплавена улица по рекордните врнежи во Тексас. (Фото: АП)

    Денеска, претседателот Доналд Трамп, исто така, прогласи вонредна состојба и во соседната држава Луизијана. Харви доби статус на ураган од четврта категорија во петокот, носејќи поплави опишани од властите како „без преседан“. Подоцна беше преквалификуван во тропска бура.

    Поплавениот Хјустон е четврт град по големина во САД со население од околу 6,6 милиони луѓе. (Фото: Инстаграм)

    Околу 2.000 граѓани беа спасени во и околу Хјустон, четвртиот најголем град во САД, во кој што живеат околу 6,6 милиони луѓе. Според проценките, областа прими врнежи од една година за само една недела, а петмина се водат како загинати. Гувернерот Грег Абот ја активираше целата Национална гарда да им помага на спасувачките екипи, кои што со хеликоптери ги креваат луѓето заглавени на покривите на нивните домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира