Петар Аневски вели дека поднел оставка на претседателската функција во Советот на јавни обвинители од лични и семејни причини, но останува член на Советот до истекот на неговиот мандат во 2020 година. Аневски поднесе оставката утринава пред седницата за именување на в.д. државен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски, а неговата оставка ќе биде на дневен ред на Советот в четврток.
За в.д. државен јавен обвинител, Советот на седницата ја именуваше обвинителката Лилјана Спасовска, која и досега го заменуваше Зврлевски. Спасовска за јавен обвинител во Јавното обвинителство е избрана на во јуни 2009 година, а од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на државниот обвинител.
Предлогот на Владата за огласување именување на нов Јавен обвинител е пристигнат во Собранието е ставен на дневен ред на собраниската седница на 4 септември.