Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска им се заблагодари на демонстрантите што му даваат поддршка на нејзиното обвинителство и на нејзиниот тим обвинители.
„Многу ви благодарам за секојдневната поддршка која ни ја давате. Тоа за нас е голем мотив во нашата работа“, изјави обвинителката Катица Јанева денеска најавувајќи го новиот предмет со име „ТНТ“ за уривањето на објектот Космос на Фијат Цаноски.
Антивладините протести секој ден почнуваат пред седиштето на Специјалното обвинителство во Скопје. Многу од демонстрантите носат маички со натписот „СЈО“ или слики на обвинителката Фатиме Фетаи и натпис „Но пасаран“.