Новиот германски амбасадор Томас Норберт Герберих вели неодамнешното повлекување на српските дипломати од амбасадата во Скопје, покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем и најдобар начин да се стабилизира Македонија е земјата да влезе во НАТО.
„Последниот настан со повлекувањето на српските дипломати од амбасадата во Скопје, покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем. Влезот во НАТО е најдобар начин да се стабилизира земјата и да се посвети на реформската агенда. За ваквите процеси потребно е храброст и сила“, рече Герберих на денешната конференција „Македонија во НАТО“.
Герберих како амбасадор на Германија во земјава дојде на местото на амбасадорката Кристине Алтхаузер.