ЖЕНА МИ Е 51 ОТСТО ВО ПРАВО, КАЖА КАВАДАРЕЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ ВО БОМБИТЕ СЕ ЖАЛЕШЕ ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВА

    ЖЕНА МИ Е 51 ОТСТО ВО ПРАВО, КАЖА КАВАДАРЕЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ ВО БОМБИТЕ СЕ ЖАЛЕШЕ ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВАВо една од бомбите на поранешната опозиција, објавена во април 2015 година, Панов на тогашниот министер Миле Јанакиески му кажува дека си поднел оставка. - Александар Панов и кавадарчани за време на синоќешниот отчет на градоначалникот

    Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов ѝ се заблагодари на сопругата за поддршката за време на синоќешниот отчет пред сограѓаните и кажа дека од искуство знае дека жената е во право 51 пат од 100 пати. Тој им порача на мажите да си ги слушаат жените, бидејќи, како што кажа, тие имаат шесто сетило, кое што мажите го немаат.

    „Сите ја знаеме онаа изрека дека мажот не ја слуша жената токму заради тоа што таа еднаш во сто пати е во право, а не се знае кога е тој пат. Сакам од искуство да ви дадам една поука дека во 51 пат од сто пати жената е во право, а човек треба да се потруди да почувствува кога е тоа. Затоа што жените имаат шесто сетило кое мажите за жал го немаат, рече тој, нагласувајќи дека оваа дума е посебно насочена кон мажите“, изјави Панов.

    Во една од бомбите на поранешната опозиција, објавена во април 2015 година, Панов на тогашниот министер Миле Јанакиески му кажува дека си поднел оставка. Градоначалникот му вели на Јанакиески дека веќе не може да издржи, бидејќи се разведува, а бил и болен.

    „Значи само тебе ти се јавувам… болеста ми е кулминација… се разведувам со сопругата… и вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција“, вели Панов во прислушуваниот разговор.
    Потоа му објаснува на Јанакиески дека болеста му е на нервна база оти немал разбирање никакво дома од сопругата.

    Во истата бомба, следниот разговор е меѓу Јанакиески и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски. Двајцата се договараат да ја скријат оставката да не излезе во јавност.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира