ЈА ИЗБРКАЛ МАЈКА МУ И ГО ЗАКЛАЛ ТАТКО МУ ВО КИСЕЛА ВОДА

    ЈА ИЗБРКАЛ МАЈКА МУ И ГО ЗАКЛАЛ ТАТКО МУ ВО КИСЕЛА ВОДАСопругата на убиениот изјавила дека синот ја откорнал влезната врата и ја избркал од собата, по што го избодел татко му со остар предмет. (Фото: илустрација)

    41-годишниот И.Т. синоќа го убил татко му Љ.Т. (68) со нож во семејна расправија во скопската населба Кисела Вода, соопшти МВР. Случајот бил пријавен од сосетка, по што полицијата го нашла Љ.Т. на прагот од дневната соба со убодни рани од нож, а од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Според изјавата на сопругата на убиенот Љ.Т., синот И.Т. ја избркал нејзе од собата и потоа го избодел татко му.

    „Сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека седеле во дневната соба, дошол И.Т., ја откорнал влезната врата и влегол внатре. Неа ја избркал од собата, почнал да го влече Љ.Т. и во еден момент го избодел со остар предмет. После тоа, И.Т. го напуштил местото и сам се пријавил во Ургентен центар ‘МајкаТереза’ за укажување на помош. Имал расекотина на десната рака“, се вели во билтенот на МВР.

    Тој бил приведен и задржан во полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира