ДА СЕ ПЛАТАТ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФУДБАЛЕР Е СОСЕМА НЕПРИФАТЛИВО, РЕЧЕ АНГЕЛА МЕРКЕЛ

    ДА СЕ ПЛАТАТ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФУДБАЛЕР Е СОСЕМА НЕПРИФАТЛИВО, РЕЧЕ АНГЕЛА МЕРКЕЛЗа германската канцеларка е неприфатливо за еден фудбалер да се плати над 200 милиони евра, колку што чинеше трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ. - Нејмар; Ангела Меркел (Фото: АФП)

    Германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржа идејата за воведување построги правила за купопродажба на фудбалери, откако летниот преоден рок донесе неколку неразумни трансфери.

    За неа е неприфатливо за еден фудбалер да се плати над 200 милиони евра, колку што чинеше трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ. Истовремено, за уште двајца фудбалери летово беше надмината сумата од 100 милиони.

    „Мојот став за финансискиот тек на настаните во професионалниот фудбал е еднакво критичен како и на многумина други. Тие суми се неприфатливи за обичните смртници“, изјави Меркел во интервјуто за весникот „Мителбаерише цајтунг“.

    Таа ги повика ФИФА и УЕФА одново да ги приспособат прописите.

    „Треба да се задржи поголема рамнотежа помеѓу клубовите, инаку, се ризикува тие суми само уште повеќе да се зголемуваат“.

    Први чекори на тој план презеде англиската Премиерлига, каде што летниот преоден рок во иднина ќе завршува до почетокот на сезоната, што е секогаш во првата половина на август, а не како досега, на 31 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира