Шест лица се повредени во напад со непознат гас на аеродромот во Франкфурт, јави весникот „Билд“.
Патниците биле попрскани со гас што предизвикува иритација додека чекале да се чекираат на терминалот 1.
Пожарникари биле повикани на местото на нападот, откако патниците се пожалиле на иритација во очите и на проблеми со дишењето.
Полицијата на Твитер објави дека гасот бил попрскан од непознато лице и дека истрагата е во тек. Мотивите на нападот засега не се познати.
Други повредени нема и аеродромската полиција потврди дека во воздухот нема опасни супстанци.