ЗА 20 ИЛЈАДИ РАБОТНИ МЕСТА ВО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДРЖАВАТА ПОТРОШИЛА НАД 225 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЗА 20 ИЛЈАДИ РАБОТНИ МЕСТА ВО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДРЖАВАТА ПОТРОШИЛА НАД 225 МИЛИОНИ ЕВРАВладиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција објави дека странските инвеститори добиле 69 милиони евра даночни олеснувања. (Фото: СДК.МК)

    За 20 илјади вработени во 25 компании на странски инвеститори се потрошени над 225 милиони евра пари на граѓаните, што е 11 илјади евра по работно место, кажа утринава владиниот портпарол Миле Бошњаковски, презентирајќи ја анализата на Владата за странските инвестиции во периодот од 2007 до мај 2017 година.

    Како што кажа Бошњаковски, договорите со странските инвеститори биле правени без критериуми и во четири очи.
    „Агенцијата за странски инвестиции, ТИРЗ и министрите без ресор потрошиле кеш пари во неповратни грантови во износ од 26 милиони евра. 14 милиони евра добиле странските инвеститори за креирање на работни места, некои добивале илјада евра по работно место, а некои по 11 илјади евра. На име обуки, исплатени се 5 милиони евра, повторно без критериуми, некои добиле 100 евра по работник, а некои 3 илјади евра. За градежни работи странските инвеститори добиле 10 милиони евра“, кажа Бошњаковски на денешната прес-конференција, објавувајќи дел од трошоците на државата за странските инвестиции.

    Владиниот портпарол објави и дека странските инвеститори добиле 69 милиони евра даночни олеснувања, а според анализата, само еден процент од своите набавки ги правеле од македонски компании.

    „Сите овие договори сѐ уште се на важност и Владата ќе ги исполни во целост кон сите странски инвеститори“, кажа Бошњаковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира