ДЕТСКАТА ПЕСНА ЗА ТАЛЕВСКИ ПОВЛЕЧЕНА ОД ЈУТЈУБ, БИТОЛЧАНИ СО НОВА ПЕСНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕТСКАТА ПЕСНА ЗА ТАЛЕВСКИ ПОВЛЕЧЕНА ОД ЈУТЈУБ, БИТОЛЧАНИ СО НОВА ПЕСНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    Детската песна  „Судски процес“ од популарната серија „Здраво генијалци“ од 1990-те е избришана од Интернет каналот Јутјуб. Ова се случи откако објавивме дека во неа пее и битолскиот градоначалник Владимир Талески, а текстот потсетува на истражната постапка што ја води СЈО против него. Денививе, дваесетина години по изведбата, песната доживеа римејк, а битолчани си ја препраќаа на мобилни телефони и по социјалните мрежи. Песната во средината на 1990-те ја испеја Томче Томски заедно со градоначалникот, во тоа време актер во улогата на Двојче, во серијата „Здраво генијалци“ која беше емитувана на МТВ.

    Во рефренот се вели: „помогнете добар судија/па не сум крадец и не сум криминалец /Silence please/ се вцрви тој во чело/ пет години затвор за твоето дело “. Во строфите пак пејат „Обвинетиот да стане/ казна му се печи. Сите сирени ко да се приклучија/кога вака рече господинот судија. Во сите бои луѓето ги гледам/ се срамам и си велам/леле кај да бегам.“  На крајот на песната обвинетиот се ослободува. „Чеканчето од маса удриа три пати/ судијата се смири конечно ме сфати/Silence please/ на странски ко да рече/ обвинетиот е слободен/ете така рече.“

    Но, откако оваа песна беше повлечена од Јутјуб, битолчани на истиот канал пронајдоа друг детски хит од истата серија.

    „Еко песна“овој пат потсетува на шарената револуција која се случува пред општина Битола, односно на боите со кои демонстрантите ја прскаат фасадата. Во оваа песна повторно настапува Владимир Талески, овој пат со кофа во рацете и пее за боја заедно со колешката Билјана Беличанец, сега актуелна градоначалничка на Кисела Вода, а во тоа време актерка и во серијата во улога на Туфи. Заедно пејат:„не известуваат генијалците од цел свет / им треба сина боја целосно комплет/ и безброј молерски четки и една кофа/ не сакаме, не сакаме катастрофа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира