ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА НЕ ПЛАЌАЛА НИ ВОДА НИ ЛЕКОВИ, А НЕМА НИ ХИРУРЗИ, СЕ ПОЖАЛИ НОВИОТ ДИРЕКТОР

    ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА НЕ ПЛАЌАЛА НИ ВОДА НИ ЛЕКОВИ, А НЕМА НИ ХИРУРЗИ, СЕ ПОЖАЛИ НОВИОТ ДИРЕКТОРШтипската клиничка болница ќе испраќа хирурзи во Велес - сала за интервенции во Велешката болница (Фото: СДК.МК)

    Велешката болница нема доволно хирурзи и гинеколози и згора на тоа се задушува и во долгови, објави денеска директорот д-р Димитар Стровјановски.  Тој вели дека побарал итна помош од Министерството за здравство и од соседната Клиничка болница во Штип.

    „Најкритично во  моментов по број на  доктори специјалисти  е на  Општа хирургија и  Гинекологија каде нема и акушерки. Затоа и доставив ургентно барање до  Министерството за здравство за итно и неодложно примање на најмалку еден гинеколог и две акушерки“, изјави д-р Стровјановски.

    Директорот Димитар Стровјановски Се пожали дека првиот ден откако е поставен за директор добил фактура од ЈКП Дервен за долг од 170 илјади евра за неплатена вода за период од три години. (Фото: СДК.МК)

    Тој рече дека со директорот на Штипската клиничка болница договорил тамошни хирурзите  еденаш неделно да оперираат во Велес.  „Младите кадри не се во доволен број праќани на  специјализација и се судираме со истрошеност на колеги кои се при крај на работниот век. Некои од нив продолжуваат со работа во рамките на законот до 67 години за да имаме доволен број  доктори“, вели директорот на велешката болница.

    Тој вели дека уште поголем е проблемот со долговите на болницата. Се пожали дека првиот ден откако е поставен за директор добил фактура од ЈКП Дервен за долг од 170  илјади евра за неплатена  вода за период од  три години.

    Долгот за лекови пак бил 250.000 евра. Стровјанов вели дека ако не се спогоделе вонсудски со доставувачите, можело да се случи пациентите да останат без лекови.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира