ПЕТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗАЕДНО ПОМАГААТ ВО КАТАСТРОФАТА ОД УРАГАНИТЕ ХАРВИ И ИРМА

    ПЕТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗАЕДНО ПОМАГААТ ВО КАТАСТРОФАТА ОД УРАГАНИТЕ ХАРВИ И ИРМАПетте живи поранешни претседатели - Џими Картер, Џорџ Х.В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама, го водат повикот „Една Америка“ за собирање поддршка за настраданите во ураганите Харви и Ирма. (Фото: АП)

    Од моментот кога претседателите ќе заминат од функцијата на нив им почнува доживотна пензија. Меѓутоа, тие знаат да се активираат преку волонтерски иницијативи, поттикнувајќи ги Американците да реагираат за време човечките катастрофи како ураганите кои што во последно време ги зафатија САД.

    Поранешниот претседател Џими Картер стана синоним за градење куќи за лица со ниски приходи со невладината организација „Хабитат“. (Фото: АП)

    Петмината живи поранешни претседатели – Џими Картер, Џорџ Х.В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама, го водат повикот „Една Америка“ за собирање поддршка за луѓето чии што домови поплавени од ураганот Харви во Хјустон и на крајбрежјето на мексиканскиот залив и за оние кои што настрадале од уништувањето што го предизвика ураганот Ирма во Флорида.

    Петмината претседатели снимија реклами за јавниот сервис за поттикнување на донации за реставрации на оштетените места и закрепнување на луѓето. Иако тие ги пренесоа своите пораки од разни места, изгледаше како да си ги дополнуваат речениците еден на друг.

    „Од целата држава, Американците одговориле на нашиот повик…“, вели Картер, кој освои Нобелова награда на мир за мировните и хуманитарни мисии од крајот на неговиот мандат во 1981.

    Картер, кој сега полни 93 години, беше кратко хоспитализиран во јули, откако се онесвести од дехидрација додека градеше домови со „Хабитат“ во Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира