Во тенисот се подготвува револуционерна промена, па во Милано за првпат ќе биде тестиран турнир без линиски судии.
Станува збор за турнирот на кој што ќе настапат најдобрите млади тенисери на денешнината, но на теренот ќе има само еден судија: оној во столчето.
Линиските судии во целост ќе бидат заменети со системот „око соколово“, што веќе некое време се применува на гренд слем турнири. Место играчите да бараат проверки по пат на „челенџи“, системот преку компјутери ќе сигнализира кога топчето е во аут.
„Ова би можел да биде историски момент за нашиот спорт. Тенисерите работат напорно и заслужуваат чесно судење. Технологијата засега е во пробна фаза и ќе видиме како ќе функционира на дело. Ќе ги следиме резултатите и ќе ги отстрануваме недостатоците“, изјави Гејл Дејвид Бредшо, задолжен за правилниците во АТП.
Турнирот во Милано ќе се игра од 7 до 11 ноември.