НЕ СМЕЕ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНУВА НА УЧЕНИЧКИ ДА НОСАТ ШАМИИ, РЕАГИРАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

НЕ СМЕЕ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНУВА НА УЧЕНИЧКИ ДА НОСАТ ШАМИИ, РЕАГИРАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛВакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со останатите позитивни законски прописи, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител. - Минувачи покрај изборни плакати (Фото СДК.МК)

Народниот правобранител ја осуди постапката на Министерството за образование кое што со допис му дозволило на директорот на охридското основно училиште „Братство и Единство“ да им забрани посетување на настава на ученички заради носење на шамија и побара веднаш да им се овозможи следење на наставата, соопштија од Канцеларијата на Народниот правобранител.

„Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со останатите позитивни законски прописи“, се вели во соопштението и се укажува на потребата за доследно почитување на законите и задолжителна примена на погоренаведените ратификувани меѓународни акти, како составен дел од нашиот правен поредок.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира