ДЕВОЈКА КАЗНЕТА ОТИ СЕ ИЗМОЧАЛА НА УЛИЦА ОТВОРИ ДЕБАТА ЗА СЕКСИЗАМ ВО ХОЛАНДИЈА

    ДЕВОЈКА КАЗНЕТА ОТИ СЕ ИЗМОЧАЛА НА УЛИЦА ОТВОРИ ДЕБАТА ЗА СЕКСИЗАМ ВО ХОЛАНДИЈААмстердам има инсталирано 35 јавни тоалети за мажи, а само три што се наменети за жени. (Фото: Гети)

    Случајот на млада Холанѓанка која била казнета со 90 евра затоа што се измочала во една уличка во центарот на Амстердам се претворил во дебата за сексизам.

    Главниот град на Холандија има инсталирано 35 јавни тоалети за мажи, а само три што се наменети за жени.

    Герте Пиенинг (23) била фатена од тројца полицајци како уринира на секогаш фреквентниот плоштад Лајдсеплен. Кафулињата биле пред затворање, а најблискиот јавен тоалет бил оддалечен неколку километри, па таа решила да се олесни во една од споредните улички.

    Судијата ѝ рекол дека требала да користи машки тоалет, место да уринира во јавност, одлука што потоа била исмеана на социјалните мрежи.

    Пиенинг се бранела дека немала друг избор, коментирајќи дека јавните тоалети за жени во други европски главни градови се далеку помодерни.

    „Градскиот совет не е обврзан да обезбеди повеќе јавни тоалети за жени. Тие и онака ретко ги користат. Вашиот случај е редок. Вие сте само втора жена која ја гледам на суд за ваков прекршок“, изјавил судијата.

    Во врска со овој случај се огласи и градскиот совет на Амстердам, но тој не најави поставување повеќе тоалети за жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира