АББА ЌЕ НАСТАПУВА СО ХОЛОГРАМИ НА СВОЈАТА ПРВА ТУРНЕЈА ОД 1982 ГОДИНА

    АББА ЌЕ НАСТАПУВА СО ХОЛОГРАМИ НА СВОЈАТА ПРВА ТУРНЕЈА ОД 1982 ГОДИНАЧленовите на АББА ќе седат дома додека од сцената ќе се слушаат вокали од 1977 година (Фото: промо)

    Легендарната шведска поп-група АББА ја најави првата светска турнеја по повеќе од три децении, но членовите не планираат лично да бидат на сцената, туку ќе бидат заменети од нивните дигитални верзии.

    И покрај тоа што сите четворица се живи и лани се имаат обединето за еден настап, ова ќе биде своевидна виртуелна турнеја, имајќи предвид дека на сцената ќе бидат холограми.

    „Тоа е совршено. Ние ќе бидеме на сцената, додека јас, всушност, ќе седам дома и ќе си го шетам кучето. Ако ова успее, многу музичари ќе сакаат да го направат истото, дури и оние кои се се уште млади и одат по турнеи. Тоа е многу интересен проект“, изјави еден од членовите на АББА, Бени Андерсон, за весникот „Хералд сан“.

    Користењето холограми досега беше резервирано исклучиво за починати музичари, како Мајкл Џексон и Тупак Шакур, кој прв се појави во вакво издание на фестивалот „Коачела“ во 2012 година.

    Иако турнејата треба да се одржи во 2019 година, 37 години од нивните последни заеднички концерти, атмосферата на сцената ќе биде како од 70-ите.

    „Вокалите ќе бидат преземени од снимките од нашата австралиска турнеја во 1977 година, додека инструментите и пратечките вокали ќе одат во живо. Се ќе изгледа како концерт во живо“, додаде Андерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира