ПОЧИНА ЏЕЈК ЛАМОТА, ЛЕГЕНДАРНИОТ БОКСЕР КОЈ СТАНА СЛАВЕН ФИЛМСКИ ЛИК

    ПОЧИНА ЏЕЈК ЛАМОТА, ЛЕГЕНДАРНИОТ БОКСЕР КОЈ СТАНА СЛАВЕН ФИЛМСКИ ЛИКМемоарите на боксерот станаа култен филм. - Скорсезе и Де Ниро со Џејк Ламота на снимањето (Фото: Твитер)

    Џејк Ламота, легендарниот боксер кој послужи како испирација за филмот „Разјарениот бик“, почина на 95-годишна возраст од компликации од пневмонија и меѓу јавните личности кои му оддадоа почит беа и Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро.

    „Ламота ќе се памети како голем шампион. Тој беше, како што се вели, поголем од животот. Имаше тежок живот, со многу пречки, но знаеше како да ги надмине. Мило ми е што имав можност да го познавам“, изјави Скорсезе, кој го режираше прославениот филм.

    Откако ги прочитал мемоарите на Ламота во 70-ите години, Де Ниро станал опседнат од идејата да ги претвори во филм и за режисер го ангажираше својот долгогодишен соработник Скорсезе.

    За да се подготви за улогата, тој тренираше со самиот Ламота и се здебели 27 килограми.

    „Тренирав интензивно, но бевме внимателни. Не ни беше цел да убиеме некого. Потоа дојде Џејк и знаеше да ми каже ‘не грижи се, удри ме‘. Имаше 55 години, но беше многу цврст“, изјави Де Ниро во интервјуто за „Тајм“ во 2013 година.

    За улогата на Ламота, Де Ниро го освои својот втор Оскар во 1981 година.

    „Почивај во мир, шампионе“, напиша Де Ниро на Твитер.

    Ламота имаше 83 победи и 19 порази во кариерата, што му донесе место во Боксерската хала на славните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира