Градоначалникот Коце Трајановски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, заедно со ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, денеска го предводеа велосипедското дефиле низ центарот на Скопје.
Амбасадор Жбогар носеше кацига за безбедно возење според европски стандарди, за разлика од Трајановски и Макрадули, кои возеа без соодветна заштита.
Велосипедското дефиле на кое учествуваа граѓани и ученици од средните училишта, се одржа по повод Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017 година.
Заменикот министер за екологија Макрадули му беше противкандидат на градоначалникот Коце Трајановски на последните локални избори во 2013 година.