Доналд Трамп ги повика навивачите да престанат да присуствуваат на натпреварите во американски фудбал „сѐ додека играчите не покажат почит за нашите знаме и земја“. Повикот на американскиот претседател доаѓа по серијата твитови, во кои што тој ги нападна протестите на НФЛ играчите и ја повлече поканата за прием во Белата куќа за НБА шампионот Голден Стејт вориорс.
Неговите изјави резултираа од осуда од функционерите на НФЛ и НБА, како и од најпознатите спортисти од двете лиги. Сепак, Трамп не се повлече и на митинг во Алабама синоќа кажа дека играчите од НФЛ кои што клекнуваат на американската химна треба да бидат отпуштени и го повика првиот човек на НФЛ Роџер Гудел да им нареди да стојат. Утринава, тој им кажа на навивачите да ги бојкотираат натпреварите во НФЛ.
Играчите во НФЛ почнаа да клекнуваат на химната уште минатата сезона во знак на протест против, како што велат тие, расната дискриминација во САД.