РУСКА ДВОЈКА ОСОМНИЧЕНА ДЕКА УБИЛА И ИЗЕЛА 30 ЛУЃЕ

    РУСКА ДВОЈКА ОСОМНИЧЕНА ДЕКА УБИЛА И ИЗЕЛА 30 ЛУЃЕМобилниот телефон со снимки од злосторствата бил пронајден на улица во Краснодар (Фото: Гети)

    Руската полиција откри еден од најужасните случаи на канибализам во земјата, откако фотографии од распарчени тела биле пронајдени во мобилен телефон, што му припаѓал на еден од главните осомничени, објави руската државна агенција „РИА новости“.

    Ова довело до апсење на 35-годишен маж и на неговата сопруга во градот Краснодар. Двајцата се осомничени дека убиле 30-ина луѓе во последните 18 години и притоа изеле делови од нивни тела. Полицијата досега успеала да идентификува седум жртви.

    Злосторствата биле откриени кога мобилен телефон бил пронајден на улица во Краснодар во почетокот на овој месец, а во него имало и фотографии од маж како позира покрај распарчено женско тело. Делови од лешот биле пронајдени во ќеса во близина наредниот ден.

    „Многу детали од случајот допрва треба да бидат потврдени. Полицијата пронајде и тегла со рака“, изјави извор од полицијата за „РИА новости“.

    Полицијата потврди дека мажот досега признал само две убиства: на жената од телефонот и на уште едно лице од 2012 година.

    Во почетокот на оваа година, поранешниот полицаец Михаил Попков беше осуден за 82 убиства, што ги извршил во последните две децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира