РАСКОЛ ВО РАДИКАЛНАТА ДЕСНИЦА САМО ДВА ДЕНА ПО УСПЕХОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    РАСКОЛ ВО РАДИКАЛНАТА ДЕСНИЦА САМО ДВА ДЕНА ПО УСПЕХОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈАНејзиното заминување значи пораз на помодерната струја во партијата. - Фрауке Петри (Фото: АФП)

    Фрауке Петри, еден од лидерите на десничарската Алијанса за Германија (АФД), најави заминување од партијата, само два дена откако таа постигна одличен резултат на парламентарните избори, освојувајќи 13% од гласовите.

    „Јасно е дека ќе го направам овој чекор“, изјави Петри, не потенцирајќи кога точно ќе се случи тоа.

    Своевремено заштитно лице на партијата, таа падна во сенка на Александер Гауланд и на Алис Вајдел, кои беа промовирани во главни кандидати на изборите, што беше сфатено како внатрешен судир помеѓу крајната десница и помодерната фракција.

    Петри ја критикуваше расистичката реторика на водството на партијата, сметајќи дека тоа ги одбива конзервативните гласачи.

    Освен Петри, партијата ја напуштаат уште тројца видни членови, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг Маркус Прецел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира