АКО НА СУД НЕ СЕ ДОКАЖЕ ЗЛОУПОТРЕБА СО РАСПРЕДЕЛБАТА НА СУДСКИТЕ ПРЕДМЕТИ, НЕМА ВИНОВНИ, РЕЧЕ СУДИЈАТА ДЕВАЈА

    АКО НА СУД НЕ СЕ ДОКАЖЕ ЗЛОУПОТРЕБА СО РАСПРЕДЕЛБАТА НА СУДСКИТЕ ПРЕДМЕТИ, НЕМА ВИНОВНИ, РЕЧЕ СУДИЈАТА ДЕВАЈАСудијата Шпенд Деваја од Врховниот суд на денешната дисусија за независно судство во Битола, организирана од Здружението на судии и Амбасадата на САД (Фото: СДК.МК)

    Дури не се докаже на суд дека поединци го злоупотребиле системот за електронска распределба на судските предмети, тие не се виновни, рече судијата Шпенд Деваја од Врховниот суд на денешната дисусија за независно судство, организирана од Здружението на судии и Амбасадата на САД.

    „Сѐ уште не е утврдено дека има такви, тоа е уште на ниво на шпекулации, во извештајот на Прибе е спомнатио дека од страна на некои поединци имало злоупотреби, но тие злоупотреби треба да се докажат на суд зашто дотогаш важи принципот на невиност, сѐ додека некој не е осуден важи дека не е виновен“, рече Деваја.

    Тој не е убеден дека со идејата за реизбор на судии ќе се придонесе за понезависно судство.

    „Ниту во стратегијата за реформи на правосудниот систем, ниту во извештајот на Прибе, не се препорачува генерален реизбор на судиите, туку се препорачува евентуално доколку некои судиите пограшиле и ја злоупотребиле својата положба, тие да бидат променети. Значи, не сум убеден дека со реизборот се придонесува до квалитетно судство и независност бидејќи, како што знаете, мандатот на судиите е уставна категорија и не ќе може да се променат доколу не се смени Уставот“, рече Деваја.

    Дејвид Стивенсон од Амбасадата на САД за време на дискусијата рече дека Уставот ги гарантира правата на граѓаните на хартија, но тоа не значи ништо без независни судови.

    „Независноста не е само право, туку и одговорност на судството. Промената мора да дојде одвнатре од судиите. Јасно треба да покажат до другите гранки на власта и јавноста дека за независноста на судството не смее да се преговара. Судството не е на продажба“, рече Стивенсон.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира