Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека побарал веднаш да биде тргнат од листата на национални советници на министерот за здравство и на негово место да биде назначен друг невролог.
„Побарав веднаш да ме тргнат од листата на национални советници на министерот за здравство. Побарав да назначат друг невролог. Најодговорно тврдам дека ниту сум бил член на некоја од комисиите при Министерството, ниту пак сум зел надомест надвор од платата“, изјави министерот Арбен Таравари за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Во решението за именување национални советници на министерот за здравство донесено на 27 јули годинава, што го објави денеска „НОВАТВ“ меѓу советниците се и невролoзите Арбен Таравари и Мерита Исмаљи Марку, како и пластичниот хирург Владимир Милошев, кој е државен секретар во министерот за здравство и еден од потписниците на решението.
Д-р Исмаљи Марку е во кабинетот на министерот Таравари, а д-р Милошев е државен секретар во Министерството за здравство. Според ова решение, на националните советници на Министерот за здравство им следува месечен надомест од 12.000 денари.
Од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека донесено е решение од листата на национални советници да бидат повлечени актуелниот министер и кандидат за градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, како и д-р Исмаљи Марку и д-р Милошев.