ДОНАЦИЈА ОД НАД МИЛИОН ДЕНАРИ ОД ХУМАНИТАРНИОТ ХЕПЕНИНГ НА АЛКАЛОИД ЗА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

    ДОНАЦИЈА ОД НАД МИЛИОН ДЕНАРИ ОД ХУМАНИТАРНИОТ ХЕПЕНИНГ НА АЛКАЛОИД ЗА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ„Собраните средства ќе се искористат за доопремување на одделите за астма и епилепсија на Детска клиника“, кажа генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов. (Фото: Алкалоид)

    Донација од над милион денари доби Клиниката за детски болести, која беше собрана на седмиот по ред хуманитарен хепенинг во организација на фармацевтската компанија „Алкалоид АД“ Скопје. Овој хепенинг се реализира под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид“, рече дека и годинава компанијата ја продолжува хуманата мисија и дека на денешниот пикник средствата се собрани од вработените во компанијата, членови на нивните семејства и пријатели.

    „Собраните средства, кои се над милион денари, ќе се употребат за доопремување на одделите за епилепсија и за лекување на астма на Клиниката за детски болести. Ќе се трудиме и во иднина да бидеме похумани и поодговорни и како поединци и како компанија да работиме на подигање на општествените вредности“, рече Мукаетов.

    Д-р Катерина Ставриќ, директор на Клиниката за детски болести упати голема благодарност до Алкалоид и до вработените во компанијата за донацијата, и дека клиниката токму преку вакви донации ја осовременува работата и опремата.
    „Се надевам дека нема да имате потреба од услугите на Клиниката за детски болести, но ако сепак ви треба наша помош да знаете дека сме тука“, кажа д-р Ставриќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира