АКО СЕ ОСАМОСТОИ, КАТАЛОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДЕВЕТТА НАЈБОГАТА ДРЖАВА ВО ЕВРОПА

    АКО СЕ ОСАМОСТОИ, КАТАЛОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДЕВЕТТА НАЈБОГАТА ДРЖАВА ВО ЕВРОПАГорда на своите јазик, историја и идентитет, Каталонија е најбогатиот и индустриски најразвиен регион во Шпанија (Фото: Гети)

    Каталонија денеска гласа за своја независност.

    Доколку полицијата го дозволи тоа, бидејќи централната власт го прогласи референдумот за неуставен и вети дека ќе преземе се, за да го спречи неговото одржување. И покрај сите притисоци и закани, десетици илјади Каталонци се решени да излезат на гласачките места и една од мерките на активистите беше запоседнувањето на училишта.

    Горда на своите јазик, историја и идентитет, Каталонија е најбогатиот и индустриски најразвиен регион во Шпанија, каде што стремежите кон независност отсекогаш биле најизразени.

    Но, причините за барање независност најмногу би можеле да бидат економски: во анкетата спроведена минатиот октомври, 80% Каталонци се изјасниле дека Мадрид зема преголем дел од данокот, на штета на регионалната инфраструктура.

    • Каталонија се граничи со Франција и со Андора и има 214 километри долг брег на Средоземното Море.
    • Со 7,52 милиони жители е вториот најнаселен регион во Шпанија (од нив, 5,3 милиони ќе имаат право на глас на референдумот).
    • Се состои од четири провинци: Барселона, Џирона, Леида и Тарагона.
    • Официјални јазици се шпанскиот и каталонскиот.
    • Во 2016 година, Каталонија остварила извоз во вредност од 65 милијарди евра, со стапка на годишен раст од два отсто. Тоа е повисоко од стапката на Европска Унија (0,7%), Шпанија (1,7%), Германија (1,2%) и на Италија (1,1%).
    • Каталонија има највисок бруто домашен производ од сите шпански региони, 266 милијарди евра, што е речиси една петина од вкупниот БДП на Шпанија.
    • Со ваков БДП, Каталонија би била деветта најбогата држава во Европа, односно седма во рамките на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира