ОБЈАВЕНИ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ, 90% КАТАЛОНЦИ СЕ ЗА НЕЗАВИСНОСТ

    ОБЈАВЕНИ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ, 90% КАТАЛОНЦИ СЕ ЗА НЕЗАВИСНОСТИ покрај притисоците и насилствата, 2,5 милиони Каталонци излегоа да гласаат (Фото: АП)

    Владата на Каталонија ги објави првичните резултати од референдумот, што во хаотични услови се одржа во неделата, и според нив, 90% гласачи се изјаснија за независност, објави агенцијата АП.

    Владата ги соопшти резултатите на својот Твитер профил и од 2.262.424 ливчиња што шпанската полиција не успеала да ги заплени, 2.020.144 се за независна каталонска држава во форма на република. Исто така, има и 177.566 гласови против, а 20.129 ливчиња се неважечки.

    „Европа мора да избере помеѓу срам и достоинство. Очекуваме нејзин одговор“, изјави министерот за надворешни работи на Каталонија, Раул Ромева.

    Шпанската влада од старт најави дека нема да ги признае резултатите од референдумот, прогласувајќи го за неуставен, додека претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, веднаш по гласањето изјави дека процедурата за прогласување независност ќе продолжи доколку тој биду успешен.

    Во насилствата што го следеа гласањето, беа повредени речиси 900 цивили и полицајци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира