Партијата ГРОМ на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го платила долгот од 50 илјади денари, што партијата го направила за изнајмување на Драмски театар. Директорот на Драмски , Сашо Тасевски, минатата недела , преку својот Фејсбук профил побара од партијата ГРОМ да си го подмири долгот.
За платениот долг, Тасевски денеска ја информираше јавноста повторно преку Фејсбук профилот.
Долгот се однесува за две изнајмувања на Драмски театар за собирите на партијата ГРОМ, еднаш во 2014 година и втор пат на почетокот на 2017 година. Градоначалникот Јакимовски , минатата недела ни рече дека не е запознаен дека неговата партија има долг кон Драмски, но ако должат, сѐ ќе си платат.