ПРОГЛАСУВАЊЕ НЕЗАВИСНОСТ Е ПРАШАЊЕ НА ДЕНОВИ, ИЗЈАВИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР

    ПРОГЛАСУВАЊЕ НЕЗАВИСНОСТ Е ПРАШАЊЕ НА ДЕНОВИ, ИЗЈАВИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕРРеферендумот го нападна дури и шпанскиот крал Фелипе (Фото: АП)

    Каталонија ќе прогласи независност во наредните неколку дена, изјави претседателот Карлес Пуигдемонт, додека шпанскиот крал во ретко телевизиско обраќање ги нападна каталонските власти дека ја довеле националната безбедност во опасност.

    Во првото интервју од одржувањето на референдумот во неделата, Пуигдемонт изјави дека неговата влада ќе ја донесе одлуката кон крајот на оваа или во почетокот на наредната недела.

    „Тоа е прашање на денови. Во моментов не постои никаква комуникација помеѓу Мадрид и каталонската администрација. Ќе биде голема грешка ако Мадрид интервенира и се обиде да ја преземе каталонската влада. Тоа би бил потег што се ќе смени“, рече Пуигдемонт во интервјуто за Би-Би-Си.

    Истовремено, кралот Фелипе ги обвини организаторите на референдумот дека го прекршиле законот.

    „Тие покажаа големо непочитување кон државата и кон нејзините закони и ги доведоа во опасност економската и социјалната стабилност на Каталонија и Шпанија. Таа држава ги претставува и интересите на Каталонија. Денес, каталонското општество е поделено, но Шпанија ќе ги надмине овие тешки времиња“, изјави кралот Фелипе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира