РУСИЈА ГО КОРИСТЕЛА И „ГУГЛ“ ЗА РЕКЛАМИ ВО ПОЛЗА НА ТРАМП

    РУСИЈА ГО КОРИСТЕЛА И „ГУГЛ“ ЗА РЕКЛАМИ ВО ПОЛЗА НА ТРАМП„Гугл“ несвесно им овозможил на Русите да се вмешаат во изборите во САД (Фото: АП)

    Гугл“ откри дека руски оперативци потрошиле десетици илјади долари за рекламирање на Јутјуб, Џи мејл и на неговиот пребарувач, во обид да се замешаат во претседателската трка во САД минатата година, соопшти компанијата по спроведената истрага.

    Утврдено е дека рекламите не потекнуваат од истиот извор од Русија како оние што се појавуваа на Фејсбук, што укажува на уште поширока мрежа на онлајн дезинформирање.

    Тоа би можело да ја стави компанијата под уште поголем надзор, откако таа несвесно им овозможила на Русите да влијаат врз изборната кампања. Американските разузнавачи сметаат дека целта на Москва била да му се помогне на Доналд Трамп да победи.

    Гугл“ дојде до сознанија дека руските огласувачи потрошиле околу 100.000 долари на ваков тип рекламирање.

    И Твитер и Фејсбук неодамна открија сомнителни реклами на своите платформи, за кои било утврдено дека се платени од руски оперативци кои работеле за фирма од Санкт Петербург.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира