КАТАЛОНИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ СПОРЕД ПРИМЕРОТ НА СЛОВЕНИЈА

    КАТАЛОНИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ПРОГЛАСИ НЕЗАВИСНОСТ СПОРЕД ПРИМЕРОТ НА СЛОВЕНИЈАТензиите во Каталонија се зголемуваат како што се очекува говорот на лидерот Пуигдемонт (Фото: АФП)

    Каталонскиот лидер Карлес Пуигдемонт се соочува со сѐ поголем притисок да се откаже од планот за прогласување на независност, како што се очекува негов говор во регионалниот парламент денеска попладне.

    Се шпекулира дека тој би можел да прогласи еднострано отцепување од Шпанија, на седницата чие одржување уставниот суд го забрани, па шпанската влада распореди вооружени полицајци околу зградата на каталонскиот парламент. Властите појаснија дека ваквите безбедносни мерки се неопходни, откако во неделата се одржаа масовни протести против поделбата на Шпанија.

    Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, ги повика Пуигдемонт и шпанскиот премиер Маријано Рахој да ја смират кризата.

    „Им реков и на двајцата да не преземаат никакви чекори со кои би се испуштила шансата за дијалог и посредување“, вели Колау.

    Според Рамон Тремоса, членот на Европскиот парламент од редовите на Каталонската европска демократска партија, Каталонија би требала да го следи моделот на Словенија, која изгласа отцепување од Југославија во декември 1990 година, но стана независна дури шест месеци подоцна.

    „Независноста на Каталонија не е шега, процесот стигна до својот крај. Каталонија би можела да прогласи независност, а потоа да ја суспендира нејзината ефективност на одреден период, во надеж дека ќе се отворат преговори со Мадрид. Од примерот на Словенија и некои други држави знаеме дека процесот на признавање може да потрае недели и месеци“, смета Тремосо.

    На референдумот што се одржа на 1 октомври, 90% од гласачите се изјаснија за независна Каталонија, но спорен е одзивот од само 43%. Мадрид и уставниот суд не ги признаваат резултатите. Рахој најави дека ќе се обрати во шпанскиот парламент в среда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира