МАДРИД Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КАТАЛОНИЈА СО УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА АВТОНОМИЈА

    МАДРИД Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КАТАЛОНИЈА СО УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА АВТОНОМИЈАУставот му овозможува директно да се вмеша во внатрешните работи на Каталонија. - Маријано рахој (Фото: АП)

    Шпанскиот премиер Маријано Рахој му даде рок од осум дена на каталонскиот лидер Карлес Пуигдемонт да се изјасни дали прогласил независност или не, во спротивно ќе ја укине политичката автономија на регионот и директно ќе управува со него.

    Ова би можело да го продлабочи судирот помеѓу Мадрид и Барселона, но и ја најавува најголемата политичка криза во земјата од неуспешниот обид за воен удар во 1981 година.

    Рахој има можност да се повика на член 155 од шпанскиот устав, кој му дозволува да ја отпушти каталонската влада и да распише експресни локални избори.

    Во вторникот, Пуигдемонт само симболично ја прогласи независноста на Каталонија, за веднаш потоа да ја одложи нејзината ефективност, надевајќи се дека Мадрид ќе прифати дијалог и преговори.

    „Владата и официјално испрати барање до каталонските власти да појаснат дали прогласиле независност на Каталонија, бидејќи настана конфузија околу нејзината примена“, изјави Рахој, кој претходно најави дека не прифаќа никакви преговори со сепаратистите.

    Тој подоцна ѝ порача на каталонската влада дека има рок да одговори до понеделник, во 18 часот. Ако не го направи тоа, ќе го активира членот 155.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира