Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најави прес-конференција вечерва во 23 часот, на кој што е поканет поканет и Никола Груевски, како член на ВМРО ДПМНЕ, да ги истакне неговите аргументи по однос на изборните резултати.
Темата на прес-конференцијата во Клубот на новинари во Скопје, според најавата, се идните активности на РШ за реформи на ВМРО-ДПМНЕ во постизборниот период.
На првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по затворање на гласачките места, членот на ИК Никола Србов кажа дека изборниот ден поминал со многу нерегуларности, за кои што изготвиле извештаи и ги информирале меѓународните претставници. Резултати воопшто не кажа со објаснување дека сè уште се обработуваат податоците.