СТОЈАНОВСКИ ОД СДСМ ВО ПРВИОТ КРУГ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД, СЕ СЛАВИ НА ПЛОШТАД

    СТОЈАНОВСКИ ОД СДСМ ВО ПРВИОТ КРУГ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД, СЕ СЛАВИ НА ПЛОШТАДОд славјето на СДСМ на плоштадот во Охрид.

    Професор д-р Јован Стојановски, кандидатот на СДСМ, победи во првиот круг на изборите за градоначалник на Охрид.

    Од СДСМ соопштија дека нивниот кандидат освоил 16.476, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилев, 11.959 гласови. Од партијата слават на плоштад.

    Третиот кандидат кој влезе во изборната трка како независен, Стевче Стевоски, освоил 531 гласови.

    Според податоците од изборниот штаб на СДСМ, тие освоиле и мнозинство на советнички места во Градскиот совет на Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира