Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не кажа дека дава оставка во неговото обраќање вечерва. Тој обвини дека локалните избори поминале во нефер услови и најави дека по изборите ќе прават анализи и ќе дискутираат што понатаму.
„Изборите минаа во нефер услови со закани од официјални институции врз наши градоначалници сред изборите. Имаме информации за поткупување на гласачи и масовно носење гласачи на гласање. Има сериозни индиции за манипулирање со ливчиња од други општини и за сите нерегуларности ќе поднесеме приговори. За првпат во полициски џипови се возеа партиски симпатизери и тоа на СДСМ. Можеби сите овие работи придонесоа за водство или победа на СДСМ во многу општини. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија. Како претседател реков дека носам највисока одговорност за изборниот резултат и по изборите ќе се направат анализи и ќе се дискутира што понатаму“, изјави Груевски.